Италијанско дерби во европски рамки, Кристал палас не смее да го направи киксот од пред четири месеца

6023 Лил – Астон вила (18:45 ч.)

Прв меч од осминафиналето во Лигата на Европа, а овие два тима многу добро се познаваат затоа што пред неполни две години одиграа два фантастични дуела во четвртфиналето на Конференциската лига. Тогаш Астон вила дома славеше со 2:1, потоа Лил победи на свој терен со истиот резултат, а на крајот англискиот тим беше посреќен и победи на пенали.

И сега се очекува да биде многу возбудливо, а фактот дека Лил е домаќин, домашниот терен треба да му даде предност на францускиот тим.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.96)

 

6027 Селта Виго – Лион (21 ч.)

Шпанскиот тим е во добра форма, имаше четири победи по ред, а потоа стигна несреќниот пораз од Реал Мадрид. Офанзивно игра Селта и речиси нема меч на којшто не постигнува гол, а посебно се добри на свој терен.

Лион во Виго допатува по серија од три порази и едно реми, што значи дека е разнишана самодовербата кај гостите. Тоа што е карактеристично за Лион е дека игра отворено и најчесто тоа се средби со погодоци на двете страни.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.03)

 

6851 Кристал палас – АЕК Ларнака (21 ч.)

Англискиот премиерлигаш е голем фаворит во овој двомеч, но и еден од главните фаворити за освојување на трофејот во Конференциската лига на УЕФА. Сепак, не треба да се заборави дека АЕК Ларнака само пред неколку месеци победи во Лондон против Кристал палас, и тоа со 1:0 во групната фаза.

Тогаш премиерлигашот доминираше на теренот, но гостите кои едвај имаа 32 отсто посед на топката, победија со 1:0. Токму тој меч треба да е лекција за Кристал палас и вечерва треба да покажат дека нема да ја направат истата грешка.

Предлог тип: 1-1&2+ (1.86)

 

6026 Болоња – Рома (18:45 ч.)

Малку невообичаено, но калчолигашите сега ќе играат во нокаут-фазата од Лигата на Европа. Болоња сезонава не е многу сигурна на свој терен и има повеќе порази од победи. Рома во август во Рим со 1:0 ја победи Болоња во првенството, а интересно е дека претходните три меча на овие ривали завршиле со ГГ4+.

Сепак, знаејќи дека сега влогот е влез во четвртфинале од нокаут-фазата, а двата тима добро се познаваат меѓу себе, ова може да биде дуел со многу тактизирање и типично италијански со малку погодоци.

Предлог тип: 1Х&X2 (2.07)

 

6849 Фиорентина – Раков (21 ч.)

Фиорентина има очајна сезона во Серија А и е во опасност да испадне, но покрај таа борба, сега игра во осминафиналето на Конференциската лига.

Раков е тим од Полска кој е на четвртото место во домашното првенство, а во групната фаза од Конференциската лига во шест меча Раков прими само два гола, што значи дека има многу цврста одбрана.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.15)

- Оглас -

Најнови вести