32.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Италијанското дерби и борбата за Манчестер се во фокусот на првото коло, одиграјте за iPhone 16

Новата, осма по ред сезона на Спортската прогноза започна од вчера. На понудата се 13 пара, за кои главен предизвик е да се погодат фиксовите. Оној прогнозер кој ќе успее да ги погоди сите 13 фикса ќе си добие подарок мобилен телефон iPhone 16. Учеството во Спортската прогноза е бесплатно, потребно е само да имате СЛ Клуб картичка.

Уште на стартот има две големи дерби-пресметки. Манчестер сити е огромен фаворит во дуелот со градскиот ривал Манчестер јунајтед, барем според тоа што досега одиграле прогнозерите. Дури 75 отсто, односно три четвртини веруваат дека ќе биде „кец“ и дека бодовите ќе ги освои Сити, а едвај 12 отсто чекаат Црвените ѓаволи да слават.

Многу понеизвесно и поподелени се прогнозите за вечното италијанско дерби меѓу Јувентус и Интер. Во победа на Јувентус веруваа 22 отсто од прогнозерите, а за „двојка“ на Интер чекаат 25 отсто. Најголем дел од прогноерите, над 52 отсто мислат дека ќе заврши нерешено.

Покрај овие два меча, има уште 11 средби од Топ 5 лигите и останува да се одигра и да се види колку фиксови може да погодите.

Затоа не чекајте, прогнозирајте!

- Оглас -

Најнови вести