Италијанско-американската компанија со седиште во Ирска, „Брера Холдинг“ објави дека постигнале договор за купување на фудбалскиот клуб Академија Пандев од Струмица.
Клубот кој од 2010 година беше во сопственост на Горан Пандев и прво беше академија за млади фудбалери, ќе се ребрендира и ќе се вика ФК Брера, а најверојатно тимот ќе носи зелено-црни дресови наместо досегашните бело-сини.
Пандев, којшто е основач и досегашен финансиер на Академија Пандев, ќе биде независен член на Управниот одбор на Брера.
Проектот на Брера е со план да се купат клубови и во Мозамбик, Гана и Аргентина, а најталентираните фудбалери на возраст од 18 до 21 година од таму да доаѓаат во Македонија и потоа да се пласираат на европскиот пазар.