17.8 C
Skopje
сабота, 11 октомври 2025

Италијанците чекаат кикс на Норвешка, но тешко дека ќе дочекаат

6727 Норвешка – Израел (18.00 часот)

Норвежаните се перфектни после пет меча, имаат 15 бодови, и ако го добијат и мечот со Израел, полека може да почнат со прослава на пласман на СП бидејќи е неверојатно да загубат дома од Естонија во следното коло и плус потоа да загубат со десетина голови разлика против Италија. Израел се бори со Италија за второто место, а првиот меѓусебен дуел во март заврши 4-2 за Викинзите. Норвешка дома повеќе од две години не примила повеќе од еден гол.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.14)

 

6705 Естонија – Италија (20.45 часот)

Италија нема друг избор освен да победи и да чека кикс на Норвешка, во спротивно, пак ќе мра да игра бараж што е многу реална опција во моментов. Аѕурите се многу подобар тим, тоа го покажаа и во септември кога на домашен терен ја совладаа Естонија со 5-0. Естонија даде пет гола во овие квалификации, од кои три против слабата Молдавија. Италијанците пред 15 години последен пат гостуваа во Талин и победија со 2-1 и тоа со пресврт откако губеа 0-1.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.30)

 

6703 Португалија – Р. Ирска (20.45)

Тимот предводен од Кристијано Роналдо е огромен фаворит на овој меч и чудо би било да не победат против Ирците кои потфрлија во првте две кола и освоија само еден бод во дуелите со Ерменија и Унгарија. Во првите две кола Португалија постигна дури 8 голови, а Ирска примаше по два на двата меча, вкупно 4. Ирците никогаш не победиле на гости во Португалија, последен пат се сретнаа лани во пријателски меч и Португалија победи со 3-0, со два гола на Роналдо. Роналдо даде два гола и пред четири години кога го имаа последниот официјален дуел во квалификации за претходното СП.

Предлог тип: Т1 2+ второ (1.88)

 

6704 Шпанија – Грузија (20.45 часот)

Грузија не е лош тим, даде 5 гола во воведните две кола против Бугарија и Турција, но Шпанија е пресилна и нема да испушти шанса да освои нови три бода со кои ќе се зацврсти на врвот на табелата во групата. Црвената фурија по првите две кола има супер гол-разлика од 9-0, а иако ќе им фалат некои ѕвезди како Јамал и Родри, на борбените Грузијци црно им се пишува на ова гостување во Елче. Последните четири меѓусебни дуели секогаш биле со 4+ голови, лани беше 4-1 за Шпанија.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.74)

 

6914 Србија – Албанија (20.45 часот)

Балканското дерби помеѓу нашите соседи нема да биде пресуден околу тоа кој ќе го освои второто место во групата зад Англија и ќе игра во бараж за СП, но може да донесе многу тензии, возбуда и неизвесност. Албанија има бод повеќе, но Србија има и одиграно еден меч помалку, па ноемвриските мечеви ќе решаваат кој ќе оди во бараж. Со нерешено, двата тима остануваат во игра. И последниот дуел им беше реми, во јуни кога се сретнаа во Тирана, беше 0-0.

Предлог тип:& 0-3 (1.74)

- Оглас -

Најнови вести