Секојдневно ќе се вршат анализи на крвта, ќе се земаат брисови на фудбалерите и ќе мора да се придржуваат до ригорозни мерки откако ќе продолжи сезоната во Серија А. Италијанците се оптимисти дека фудбалот во оваа земја ќе се врати кон крајот на мај, односно на почетокот од јуни, а фудбалерите ќе мора да го почитуваат следниот протокол.
Факт е дека ризикот од заразување со вирусот Ковид-19 не може да се сведе на „нула“ без вакцина, но барем може да се одржи на минимум.
Фудбалерите и стручниот штаб ќе бидат тестирани три до четири дена пред да се вратат на клупските обврски, а воедно мерката за дистанцирање мора да се одржува. Секој ден ќе им прават тестови на крвта, ќе се земаат и брисови со цел да се провери кои фудбалери веќе го прежелаже вирусот и создале антитела, односно се имуни.
Фудбалерите потоа ќе бидат поделени во три групи за време на тренинзите, оние кои веќе биле позитивни со сериозни симптоми, оние кај кои се појавиле минимални симптоми, и останатите кои не создале антитела. Откако ќе започнат со тренинзи, сите ќе бидат сместени во карантини, или во тренинг-центрите или во хотели со дел да избегнат наредно заразување.