Корона-вирусот го помести летниот фудбалски пазар во Италија за 1 септември. Периодот за ангажмани ќе трае 35 дена, но наместо трансфер-прозорецот да се отвори на 1 јули како по обичај, за подновување на ростерите калчолигашите ќе чекаат до првиот ден од септември.
Тој ќе трае до 5 октомври, а зимскиот преоден рок ќе остане како и досега, од 4 до 31 јануари. Ваквата промена беше најавена од претходно, а овој пример најверојатно ќе го следат и останатите првенства од топ 5 лигите, со оглед на прекинот на сезоната поради пандемијата со корона-вирусот.