Љубителите на спортот во Македонија утре ќе имаат прилика целосно да ги гледаат пресметките на нашата машка фудбалска и одбојкарска репрезентација против Италија.
За фудбалскиот меч во Скопје од квалификациите за ЕП 2024, од поодамна се знаеше дека ќе се игра утре од 20.45 часот, а откако пред некој ден се падна во осминафиналето на ЕП во одбојка да играат Италија и Македонија во италијанскиот град Бари, постоеше опасност да дојде до поклопување на термините.
Сепак, знаејќи кога се игра фудбалот кој е спорт број 1 и кај нив, Италијанците решија одбојката да биде со почеток во 18 часот, па телевизиите и гледачите ќе може да го следат прво одбојкарскиот дуел во Бари на кој Италија е апсолутен фаворит, а потоа оној фудбалскиот во Скопје каде истотака Аѕурите се големи фаворити, но не како во одбојкарскиот меч.