-4.2 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

Италијанците неприкосновени одбојкарски владетели

Машката одбојкарска репрезентација на Италија по петти пат е светски првак. Во денешното финале на СП во Филипини пред 17.000 гледачи, Аѕурите ја совладаа Бугарија со 3-1 во сетови.

Италијанците ја одбранија титулата освоена на претходното СП, додека за Бугарите тоа беше второ финале (првото го имаа пред 55 години) и втор пораз.

Селекторот на Италијанците, Фердинандо Де Џорџи, учествуваше во сите пет титули, во некои како играл, во некои како селектор.

- Оглас -

Најнови вести