Италија се подготвува за влезе во втора фаза во борбата со пандемијата од коронавирусот. Според медиумите на Апенинскиот полуостров, веќе има конкретни датуми за продолжувањето на првенството во првата фудбалска лига, Серија А.
Најавено е дека тимовите ќе почнат да тренираат на 4 мај, и фудбалерите ќе тренираат индивидуално, а од 18 мај, тренинзите ќе се спроведуваат во групи. Според првичните прогнози, мечевите од Серија А ќе почнат во периодот од 27 мај до 2 јуни, а ќе заврши во средината на јули. На крајот на мај треба да се играат и средби од Купот.
Бројот на регистрирани смртни случаи во Италија денеска е најмал од 14 март наваму. Според оценките на владата, мерките за ограничување на движењето и карантинот дале резултат и може да се мисли за намалување на рестрикциите. Фудбалерите пред да почнат со активности, ќе бидат тестирани, со цел спречување на можноста од ширење на заразата.