Италијанците олеснија една важна мерка

Италијанските министри за спорт Винченцо Спадафора и за здравство Роберто Сперанца ги потпишаа документите со кои се остранува една мерка од протоколот за заштита од ковид-19.

Во Серија А, Б и Ц е тргнато правилото да се стави цел тим во 14-дневен карантин доколку само еден тест се покаже дека е позитивен. Отсега членот со позитивен тест на корона-вирусот ќе се стави во самоизолација 14 дена, додека остатокот од екипата ќе се тестира и по експресен пат ќе се добиваат резултати, а дополнително ќе бидат тестирани на ден пред натпревар.

Ова олeснување е резултат на намалените бројки на заразени во Италија во изминативе денови, како и смален број активни случаи. Италијанскиот шампионат официјално продолжува со натпреварување утре со Торино – Парма.

- Оглас -

Најнови вести