Ретки се фудбалските репрезентации во светот кои играле барем четири пати против Италија, а немаат негативен биланс во меѓусебните дуели со четирикратниот светски шампион. Во тоа одбрано друштво е и Македонија.
Италија има само една победа против нас, останатото се ремија или пораз. Очекувањата од новиот селектор Лучано Спалети им беа големи, но се покажа дека немаат некој напредок во однос на тоа што го играа со Роберто Манчини, па си ја искомпликуваа работата околу пласманот на ЕП 2024.
Аѕурите како актуелни европски прваци, двапати играа со Македонија и не успеаја да победа, па некои фанови коментираат дека Италија како да е проколната кога игра со Македонија. Други се разочарани што не успеале да совладаат тим кој пред неполни три месеци загуби 0-7 од Англија.