Италијанците се мајстори за вртелешки – Интер со пресврт го победи Торино (Видео)

Рестартот на сезоната во Серија А донесе дузина пресврти, а и вечерва на „Џузепе Меаца“ имаше два во еден, или популарната вртелешка што му донесе победа на Интер од 3:1 против Торино.

Мечот почна со голем кикс на Самир Хандановиќ, а грешката ја искористи Андреа Белоти за предност на Торино од 1:0 во Милано.

https://twitter.com/CoppaVids/status/1282768270488207361?s=20

Само по три минути во второто полувреме, Ешли Јанг со волеј израмни на 1:1 и најави нов меч со пресврт кога игра Интер.

Третиот гол сезонава на дефанзивецот на Интер им даде крилја на соиграчите и набрзо следуваше комплетен пресврт.

Прв гол во дресот на Нераѕурите постигна Диего Годин. Стоперот на домаќините беше прецизен во 53-тата минута, со што најави дека екипата од Милано ќе остане во трка за Скудетото до крајот на првенството.

https://twitter.com/LaligaPL007/status/1282781052457627649?s=20

По него, прецизен беше и Лаутаро Мартинес за голем пресврт режиран само за 13 минути и победа од 3:1. Интер во седум кола по рестартот на Серија А, трипати одигра мечеви со пресврт два во еден, или еден во два, што имаат големи коефициенти во обложувалниците.

Торино е уште подобар со четири такви натпревари, односно победи, откако губеле на полувреме, или порази по нивна предност по првиот дел, како што беше вечерва против Интер.

https://twitter.com/LaligaPL007/status/1282783427612348418?s=20

Интер на шест кола до крајот на првенството, се наоѓа на второто место со 68 бода, колку што има и Лацио. Лидерот Јувентус има 76 бода. Торино падна на 16-тото место со 34 бода, само пет повеќе од Лече, екипа која е во зоната за испаѓање.

 

- Оглас -

Најнови вести