29.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Италијанците се „тресат“ дали ќе играат на СП, а РАИ може да банкротира

Италија неочекувано се најде во баражот за СП во Катар откако во последното коло не успеа да ја победи Северна Ирска на гостински терен.

Актуелниот европски првак е еден од можните опоненти на Македонија во плејофот, а медиумите во оваа држава се во паника.

Особено националната италијанска телевизија РАИ, која се размислува дали да го откупи светското првенство, кое чини околу 190 милиони евра.

Доколку Италија не се пласира, тогаш тоа би било целосен крах за нив бидејќи заинтересираноста и рекламирањето ќе бидат навистина мали.

Медиумите од Чизмата велат дека РАИ составил тим за кризни моменти, кој ќе одлучи дали треба сега да се откупат правата или евентуално во март, по крајот на баражите, но тогаш сумата ќе надмине над 200 милиони евра.

Сепак, постои и можност, националната телевизија да не го откупи СП, а тоа да го сторат Скајспорт и Амазон.

Но би претставувало национален дебакл доколку Италија не се пласира и РАИ не ги откупи правата за Светското првенство во Катар.

- Оглас -

Најнови вести