Италијанците се уплашија од хорор-тунелот на стадионот во Белград (Видео)

По пауза од 26 години, Црвена ѕвезда повторно е дел од фудбалската елита во Европа. Некогашниот европски првак вечерва во Белград ќе го пречека Наполи, во рамките од првото коло на Лигата на шампиони. Италијанците се фаворити на мечот, но, сепак, знаат дека воопшто нема да биде лесно, посебно ако се знае дека на стадионот „Рајко Митиќ“ ќе ги очекува пеколна атмосфера.

Навивачите на Црвена ѕвезда, популарните Делии, знаат да направат феноменална атмосфера, а сигурно така ќе биде и вечерва. Освен од пречекот кој ќе го добијат од трибините, играчите на Наполи се подготвуваат и за тоа што ги чека додека истрчаат на теренот.

Медиумите во Италија потенцираат дека тунелот во просторот под трибините, низ кој треба да поминат играчите, е како од вистински хорор-филм. Наполи знае да игра на „жешка“ атмосфера, но сигурно нема да им биде лесно да го издржат пречекот кој ќе им го понудат фановите на Црвена ѕвезда и полните трибини.

Погледнете како изгледа тунелот на стадионот „Рајко Митиќ“.

 

- Оглас -

Најнови вести