14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Италијанците веќе го знаат составот за мечот со Македонија – Кулите Близначки заедно на клупа, ќе има уште изненадувања

Селекторот на Италија, Роберто Манчини, ќе чека да завршат настапите на екипите од Чизмата во европските купови оваа седмица за да го објави и составот на Аѕурите за дуелот со Македонија, но дел од италијанските медиуми веќе шпекулираат и со стартниот состав за дуелот на „Ренцо Барбера“ во Палермо на 24 март.

Голман ќе биде Џиџи Донарума и покрај големиот кикс што го направи на реванш-дуелот со Реал Мадрид на голот на ПСЖ.

Бекови ќе бидат Џовани ди Лоренцо и Емерсон Палмиери, а можно изненадување ќе биде одлуката на Манчини како стоперски тандем да не настапат Кјелини и Бонучи.

Популарните Кули Близначки беа повредени подолг период, па „Ла Газета дело спорт“ најавува дека е можно тандем стопери да бидат Бастони и Ачерби, или еден од нив да игра со Бонучи, или Кјелини како стартер.

Доменико Берарди е сигурен како десно крило, а уште една дилема на Манлини е дали против Македонија да почне со Лоренцо Инсиње на спротивната страна, или стартер да биде Лоренцо Пелегрини.

Барела, Верати и Жоржињо би требало да бидат во почетната постава како играчи за врска, а нападот ќе го предводи Чиро Имобиле.

Отсутни се Кјеза и Спинацола, кои се стандардни во првиот состав, но поради повреди нема да играат против Македонија.

Најавено е дека Манчини ќе повика дури четворица голмани и 30-мина играчи на поширокиот список што веројатно ќе го објави во четврток или петок.

Една од дилемите е дали на него да бидат Марио Балотели или напаѓачот на Калјари, Жоао Педро, кој неодамна доби италијански пасош.

Можен состав на Италија:

Донарума – Ди Лоренцо, Бонучи (Ачерби), Кјелини (Бастони), Емерсон – Барела, Жоржињо, Верати – Берарди, Имобиле, Пелегрини (Инсиње).

Утре, точно напладне македонскиот селектор Благоја Милевски ќе го објави списокот на репрезентативци на Македонија што ќе патуваат за Палермо на 22 март, за бараж-мечот закажан два дена подоцна, што е прв од двата чекори во баражите за пласман на СП во Катар.

 

- Оглас -

Најнови вести