Италијанците во Серија А враќаат на сила едно старо правило, навивачите воодушевени

Во претстоната сезона во италијанската Серија А, доколку на крајот на сезоната два тима имаат ист број на бодови, шампионската титула нема да освои тимот кој е подобар во меѓусебните дуели или има подобра гол-разлика.

Италијанците решија да вратат едно старо правило, а тоа е ако двата првопласирани тимови се со ист број бодови, тие на неутрален терен да одиграат еден меѓусебен меч, па подобриот од тоа финале, нека го освои Скудетото.

Оваа промена со задоволство е прифатена од фановите кои се надеваат дека некогаш ќе се игра ваков спектакл за титула. Истото правило ќе важи и за опстанок, ако 17-тиот и 18-тиот имаат ист број бодови.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести