Италијанците во шок: Саудијците ги прашале зошто им испратиле погрешни екипи во Супер купот

Италијанските новинари останале во шок по разговорот со колегите од Саудиска Арабија кои ги прашале зошто во Ријад испратиле погрешни екипи, пишува весникот „Република“.

Во Ријад се игра завршницата на италијанскиот Супер куп, а за трофејот ќе се борат Наполи и Интер кои во полуфиналето беа подобри од Фиорентина и Лацио.

„Уште вчера пред првото полуфинале, саудиските новинари ги прашале колегите од Италија зошто во Ријад се испратени Фиорентина и Лацио наместо Јувентус и Милан. Извршниот директор на Серија А, Луиџи е Сиерво потоа на прес-конференција мораше да го објаснува форматот на Супер купот и да ги убеди саудиските новинари дека дуелот меѓу Наполи и Фиорентина ќе биде прекрасен“, пишува „Република“.

Според весникот ова покажува дека Саудијците иако не жалат пари за носење на фудбалски ѕвезди, сè уште немаат фудбалска култура. Тоа најдобро го покажува фотографијата од дуелот меѓу Наполи и Фиорентина (3:0) од која се гледа дека стадионот е речиси празен.

 

 

- Оглас -

Најнови вести