Младиот фудбалер на Пиза, Луис Буфон, кој има 17 години и е син на италијанската легенда и еден од најдобрите голмани во историјата Џанлуиџи Буфон, повикан е да игра за јуниорската селекција на Чешка.
Мајката на Луис, некогашната манекенка Алена Шередова, е Чехинка, па тој има право да настапува и за таа земја освен за Италија во која е роден и од каде е татко му. Џиџи Буфон и Алена беа во врска од 2005 до 2014 година.
Луис Буфон игра како лево крило, а викендов беше во составот на Пиза на меч од Серија Б, но не влезе во игра. Тренер на Пиза е Филипо Инѕаги, некогашен тимски колега на Џиџи Буфон од Јувентус и италијанската репрезентација.