Пред дуелот со Шпанија, во некои италијански медиуми се прави хистерија и притисок, а се спомнуваат заговор и предавство, со назначувањето на Германецот Феликс Брих за главен судија на медитеранското дерби во полуфиналето на ЕВРО 2020.
Проблемот на Италијанците им е што шефот на судиите во УЕФА е Италијанецот Роберто Розети, но и наводно тој ја предал нацијата.
„Розети го избра најлошиот судија. Брих е слаб, тој тешко ги гледа фаулите и често греши кога покажува картони. Видете само како свиреше на мечот Белгија – Португалија“, пишуваат во „Кориере дело спорт“. „Сакаат да бидеме исфрлени“ – уште погруби се во весникот „Либеро Куотидијано“.