Итниот состанок пропадна, ЕКА мораше да застане зад УЕФА

Европските фудбалски великани не одговорија на повикот од ЕКА (Европска асоцијација на клубови) за да се одржи итен состанок по најавите дека 12 гиганти склучија договор да формираат Суперлига.

Состанокот беше свикан од страна на Едвин ван дер Сар, извршниот директор на Ајакс, меѓутоа само претставници на Баерн Минхен и ПСЖ одговорија на повикот. Целта на состанокот беше да се разговара околу планот „Суперлига“, односно да се потврди дека УЕФА работи на ребрендирање на Лигата на шампионите и создавање нов формат на натпреварување од 2024 година.

Меѓутоа, состанокот пропадна, по што е јасно дека гигантите како Реал, Барселона, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Челзи, Јувентус и уште неколку цврсто стојат во намерата да направат раскол во европскиот фудбал со кој ќе ѝ наштетат на Лигата на шампионите. Од ЕКА веднаш излегоа со соопштение дека ја поддржуваат УЕФА и ќе помогнат да се спречи формирање на Суперлигата.

Работите допрва ќе добијат драматичност и неизвесност, а нема да биде изненадување доколку во блиска иднина се случат тектонски нарушувања во фудбалот на Стариот Континент.

- Оглас -

Најнови вести