Навивачите на Ал-Вахда си најдоа одлично место за навивање откако и во Сирија одлуката беше да се продолжи со фудбал без присуство на луѓе на трибините.
На националната арена не примаат навивачи поради пандемијата со ковид-19, но околината на стадионот за најверните симпатизери на Ах-Вахда, но и за уште два клуба од најквалитетната сириска лига е како нарачана за фудбал.
Syrian football league returned this week without fans, but… from soccer
Најверните фанови на Ал-Вахда се собраа на зграда во непосредна близина на трибината зад голот за да го прослават камбекот на најважната споредна работа на светот по пауза од два и пол месеци, но и за да ги бодрат своите миленици.
Првенството продолжи викендов, а Ал-Вахда ремизираше дома 2:2 против Ал-Џазира, што е неуспех за некогашниот првак во дуелот со последнопласираната екипа.