Алкалоид во недела има шанса да освои европски трофеј, доколку успее да ги сочува четирите гола предност од првиот меч против АЕК во Атина, нешто во што воопшто и не се сомневаме.
На првиот дуел во Атина, херој на Алкалоид беше Иван Галевски, кој со пет одбранети пенали ги фрли во очај домашните, па навивачите започнаа и со тврди предмети да фрлаат кон него, а мечот на двапати беше прекинуван.
На официјалната прес-конференција, едно од прашањата до Галевски беше дали летово ќе оди на одмор во Грција, на што тој низ смеа одговори: „На одмор летово нема да одам во Грција, туку нешто подалеку“.