Хрватскиот тренер Иван Јуриќ, кој денеска беше сменет од функцијата тренер на Аталанта, за една година е отпуштен од дури три клуба.
Лани во ноември беше принуден да си замине од Рома, потоа го избркаа од Саутхемптон, каде што беше на клупата од декември 2024 до април 2025, а еве сега и од Аталанта. Тимот од Бергамо го водеше само на 15 натпревари (на повеќе од половина натпревари тимот одигра нерешено).
Во овие три клуба имаше само 23% победи.

