3.8 C
Skopje
среда, 28 јануари 2026

Иван Николов потпиша за Радник Бјелина

Иван Николов, кој неодамна го напушти данскиот Сондерјиске, ќе ја продолжи кариерата во БиХ откако потпиша договор до крајот на сезоната со Радник Бјелина од Босна и Херцеговина.

Иако имаше интерес од клубови од Србија, Данска, Унгарија и Норвешка, Николов на крајот реши да продолжи да игра во босанското првенство, со договор на шест месеци.

Сондерјиске беше неговиот прв предизвик надвор од Македонија, а претходно настапуваше за Академија Пандев (Брера), Вардар и Брегалница. За репрезентацијата има 22 настапи за младата селекција и еден настап за сениорскиот тим.

- Оглас -

Најнови вести