Хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ нема да може да игра во следните еден и пол до два месеца откако на тренинг на Баерн Минхен се здоби со повреда по дуел со новиот бек Алваро Одриосола. Шпанецот кој дојде како позајмен од Реал Мадрид имал груб и невнимателен старт кој ја предизвикал повредата. Тој му се извини на Иван, а Перишиќ објави фотографија од болнички кревет на која зглобот му е бандажиран.
Перишиќ најавува дека уште посилен ќе се врати на терен, а во меѓувреме Баварците ќе треба да смислат како да го надоместат неиграњето на крилото кое има четири гола и шест асистенции на 19 меча. Тренерот Ханси Флик во прв момент не очекувал дека повредата е толку сериозна и изрази жалење што нема да може да смета на искусниот Перишиќ во следниот период.