Иван Ракитиќ ја завршува фудбалската кариера, ќе биде дел од раководството на Хајдук

Поранешниот фудбалер на Барселона и Севиља, Иван Ракитиќ, минатата сезона настапуваше за сплитски Хајдук, но тоа за него беше и последната сезона во неговата фудбалска кариера.

37-годишниот фудбалер и официјално оди во пензија, а во иднина ќе му биде помошник на спортскиот директор на Хајдук, Горан Вучевиќ. Иако оваа информација не ја објави Ракитиќ, сепак, новиот тренер на сплитските „бели“, Гонзало Гарсија, ја потврди за хрватските медиуми.

„Ракитиќ ја завршува својата кариера. Тој е извонредно интелигентен, има одлични идеи и многу добро го разбира фудбалот. Сега поминува низ тежок период, бидејќи преминот од соблекувалната до костумот не е лесен. Тоа е, како што велам, темната страна на фудбалот. Но тој ми се јави и, на некој начин, тој е одговорен што денес сум дел од Хајдук.“ – рече Гарсија.

Освен за Хајдук, Барселона и Севиља, Ракитиќ во својата кариера настапуваше и за Шалке, Базел и Ал-Шабаб.

- Оглас -

Најнови вести