Она што го направи хрватскиот фудбалер Иван Шуњиќ на дуелот од ФА купот во Англија помеѓу Бирмингем и Блекбурн, навистина не би посакал да му се случи на ниту еден играч. Шуњиќ од клупата за резерви чекаше шанса да влезе во игра кај домашните, и кога беше ставен на терен, таму остана само 160 секунди, затоа што откако направи пенал, доби и црвен картон.
За среќа на некогашниот играч на Динамо Загреб, Бирмингем и со играч помалку даде гол и победи со 2-1, па на Хрватот му олесна. Ова не е неславен рекорд во ФА купот. Во 2015 година, Џек Болдвин од Питерборо како резерва влезе во игра и поцрвене за 129 секунди.