Иванишевиќ: На Новак му беше преку глава од мене, а и обратно!

Хрватската тениска легенда, Горан Иванишевиќ, неодамна ја раскина соработката со Новак Ѓоковиќ, а сега откри зошто се случи тоа. Многумина беа изненадени што се разделија, но едноставно морало да дојде до тоа.

„Знаев дека доаѓа време за крај. На Новак веќе му беше преку глава од мене, и обратно. Се разделивме како пријатели, немаше кавги, секогаш ќе останеме пријатели. Беше голема чест и одговорност да се тренира ваков гениј и што малку му помогнав да оствари одлични резултати“, изјави Иванишевиќ.

За време на нивната заедничка работа имало и тешки моменти.

„Не беше секогаш лесно. Имаше проблеми со пандемијата, дисквалификацијата на САД Опен и инцидентот во Мелбурн. Беше навистина комплицирано. Испаѓањето во Рим не е важно. Ако е психички подготвен, ќе го освои Ролан Гарос. Мислам дека ќе биде мотивиран. Тој никогаш не се откажува. Грен слемите му се најважни и секогаш наоѓа начин да победи“, вели сплиќанецот.

Тој зборуваше и за неговата улога во победите на Ѓоковиќ.

„Новак секогаш имаше одличен сервис, но беше потценет поради другите удари. Работевме на исфрлање на топката и засилување на вториот сервис. Вежбавме и волеј. Новак ме ангажираше од конкретни причини“, заврши Иванишевиќ.

- Оглас -

Најнови вести