Реакцијата на Горан Иванишевиќ откако неговиот пулен Новак Ѓоковиќ ја погоди линиската судијка Лора Кларк за време на мечот против Пабло Карењо Буста, укажува дека Хрватот ги знае правилата и можната санкција за тенисерот кој тој го тренира.
Иванишевиќ кога виде што се случи, не можеше да седи мирно, се изнервира и се исплаши од најлошото, а подоцна тоа навистина и се случи, па Србинот по консултациите на главниот судија со супервизорот на турнирот, беше дисквалификуван од Отвореното првенство на САД.
Ова е снимката од реакцијата на Иванишевиќ: