Бранислав Ивановиќ е хит на социјалните мрежи откако се појави видео како ја објаснува тактиката додека седи на клупа, а камерата која врши пренос на големиот екран на „Газпром арената“ го снима цело време. Српскиот дефанзивец почна со гестикулации да му објаснува на Жирков, а еден од соиграчите го предупреди дека го снимаат и дека цел стадион го гледа.
Реакцијата на Бане е непроценлива, се засрами кога сфати што се случува. Среќа што иако ја откри тактиката на неговиот Зенит, екипата од Санкт Петербург немаше проблеми да го совлада Томск со убедливи 4-0 во осминафиналниот меч од Рускиот куп.
https://twitter.com/fczenit_en/status/1189816668828123137