Атлетската репрезентација на Македонија имаше успешен настап на Европското првенство – Трета дивизија во Марибор и тоа пред се благодарение на Дарио Ивановски и Андреас Трајковски.
Нашите најдобри атлетичари забележаа убедливи победи во своите дисциплини и донесоа значајни бодови на тимското првенство.
Дарио Ивановски за 25 секунди беше побрз од второпласираниот Исланѓанец во дисциплината 5.000 метри, победувајќи со време од 14:04:06, додека Андреас Трајковски славеше во скок во далечина со резултат 7,83 метри.