Ивановски игра за полуфинале, повторно за противник има тенисер кој е подоброрангиран од него (Фото)

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, игра одлично на Челинџерот во Јаши, Романија, во првите два меча беше подобар од домашните тенисери Јонел и Јиану, денеска го очекува четвртфинален дуел со Канаѓанецот Стивен Диез.

Ивановски повторно за противник има тенисер кој е подоброрангиран од него на ранг-листата на АТП, Калин моментно е 370 тенисер на светот, а Диез е 278.

Квотите му даваат мала предност на Канаѓанецот (1.72), додека квотата за триумф на Калин изнесува 2.05.

Ивановски во првите две кола покажа дека знае како се игра против подоброрангирани тенисери, во првото коло, во маратонски меч, со пресврт славеше над Јонел (4:6,7:6,6:2), а во наредната рунда повторно играше три сета (3:6,6:4,6:3) и повторно се радување.

- Оглас -

Најнови вести