Ивановски немаше енергија за пеколен викенд со двојна програма и го предаде мечот за титула

Калин Ивановски имаше пеколен викенд во Тунис и одигра по два меча вчера и денеска и за жал го загуби финалето, односно дуелот за титулата во Монастир од Холанѓанецот Рајан Нејбор.

Нејбор беше многу подобар во финалниот меч и победи со 6:2, 3:0, откако нашиот тенисер го предаде мечот и заслужено го освои пехарот во чудни околности.

Нашиот најдобар тенисер вчера одигра два меча и двапати беше подобар од италијански тенисери по што стаса до полуфиналето.

Денеска го победи и третиот играч од Италија, Андалоро, кој му го предаде мечот на Калин во вториот сет при резултат 6:1, 2:0 за нашиот тенисер.

Тој меч почна во 10 часот сабајле и потоа Ивановски имаше одмор до пред 15 часот кога почна финалето.

Сепак немаше доволно енергија и мораше да го предаде финалето во вториот сет.

- Оглас -

Најнови вести