Најдобриот македонски тенисер, 19-годишниот Калин Ивановски, на најновата АТП-листа која е објавена денеска има пад за едно место и се наоѓа на 336-тата позиција на светската ранг-листа.
Но, тука фалат оние 21 поен кои Калин ги освои вчера со победата на турнирот во австриски Крамзах. На виртуелната листа на АТП, Ивановски во моментов е на 303-тото место и следниот понеделник ќе има значителен напредок.
Инаку, досега само два двајца Македонци биле меѓу првите 300 на светот во сингл, тоа се Предраг Русевски и Александар Китинов, а реално на ова друштво може му да се приклучи и Ивановски ако продолжи со добри игри и успеси.