Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, загуби во првото коло на силниот Челинџер турнир „Македонија опен“ во Скопје, кој се игра за награден фонд од 80.000 долари.
Ивановски беше поразен од Хрватот Дино Прижмиќ со 4-6, 1-6, па сега веќе не остана ниту еден македонски тенисер на турнирот во сингл конкуренција.
Прижмиќ има само 17 години, а на АТП-листата е 295-ти и од него се очекува многу. Познавачите велат дека е најдобар малолетен тенисер на светот, потврда е ранкингот, ниту еден 17-годишник или помлад играч не е пред него на АТП. Калин добро се познава со него, често тренираат заедно во Загреб.