Во Sport Life и промашувањата носат фантастични добивки – Ивица Гулев е шампион, собра 20 тикети со по една утка и си ќари 1.000.000 денари (Фото)

Ивица Гулев е редовен играч во Sport Life и среќата му се насмевна во една од најинтересните игри во обложувалницата.

Во акцијата на Sport Life „Собери најмногу со една промашена и стани милионер“ со 20 такви тикети во периодот од 19 април до 16 мај победи во драматична трка и си доби 1.000.000 денари.

Зад него беше Драган С. со 19 тикети со еден промашен пар и тој ќе може да се обложува секој ден во ист месец со по 200 денари ваучери, а Цветан К. е трет со 18 собрани тикети со една утка, а наградата од Sport Life е цел месец обложување со ваучери од по 100 денари.

„Акцијата на Sport Life е одлична и бев максимално посветен само на тикети што можат да ми ја донесат максималната награда. Беше возбудливо и во финишот бев на шестотo место, а неколку промашени тикети за еден пар во последнитe 7 дена ме донесоа до врвот, до првото место и до наградата од еден милион денари.

Фаворит ми беше натпреварот меѓу Сампдорија и Фиорентина и тој пар ми беше на сите тикети речиси цела недела. Одиграв 2>1, односно дека во второто полувреме ќе има повеќе голови од првото.

И почна лошо за мене бидејќи Сампдорија по половина час игра веќе водеше со 2:0. Во тие моменти си помислив дека нема ништо од награда, но среќата ми се насмевна. Во 71-вата минута беше 3:0, во 84-тата минута Сампдорија веќе пооведе со 4:0 и на крајот во последните моментни Фиорентина даде гол од пенал за 4:1. Тоа е кога сака, сака и тој меч ми беше на многу тикети во текот на целата недела и беше клучен да бидам прв и да ја освојам наградата“, раксжува Ивица.

Веќе ја подигна прекрасната премија од Sport Life; а вели дека немал некаков посебен шаблон во трката што траеше од 19 април до 16 мај.

„Ова ми е убедливо најголемата награда што сум ја освоил во животот. Немав посебен концепт, туку играв според правилата на играта, тикети со по шест натпревари и имав среќа да соберам дури 20 такви со по еден промашен пар. Искрено бев посветен само на оваа акција во период од речиси еден месец и, за среќа, успеав да се пробијам на врвот и да останам таму на крајот од играта. Самиот конечен пласман покажува колку беше драматично бидејќи зад мене се обложувачи со по 19, 18 и 17 тикети со по еден промашен пар“, вели Гулев.

Најчесто игра во објектите на Sport Life во скопската населба Кисела Вода, а знае и попат да одигра некој тикет и во останатите обложувачки места.

„Бев втор во декември во Типстер купот и тогаш со 9 добитни тикети добив награда од 30 илјади денари. Ми фалеше само еден добитен тикет за премијата од 100.000 денари, но сега ми се врати со уште подобра награда, и тоа каде собираш тикети со по една утка. Задоволен сум и ќе продолжам да играм со интересните акции што ги нуди Sport Life“, додаде новиот милионер во Sport Life.

Ивица напомена дека најчесто игра натпревари од Топ-10 лигите во Европа, кои секако се и најинтересни за обложувачите, но понекогаш, особено во летниот период, кога има фудбалска пауза, знае да одигра и мечеви од останатите спортови.

 

- Оглас -

Најнови вести