Славниот хрватски скијач Ивица Костелиќ по завршувањето на кариерата, се одлучи да го промени спортот и да настапува во едрење. Тој во новиот спорт стана шампион на Медитеранот во класата 40 откако го освои второто место на регатата Палермо – Монте Карло.
Костелиќ сега има најмногу бодови по четири трки и последната, која треба да биде во октомври, веќе нема резултатско значење бидејќи има доволно бодови.
Хрватот со неговиот екипаж оваа сезона победи на една трка, а трипати беше второпласиран.
Во едриличарската класа 40 учествуваат бродови со должина од 12 метри и ширина од 4,5 метри. Висината на едрото е 19 метри, а колку за споредба, во 2021 година Костелиќ најдобриот пласман го имаше на десеттото место.