Вистински линч на теренот избегнаа играчите на алжирскиот клуб Кабили во Судан откако го елиминираа домашниот тим Мереих во возбудлив полуфинален реванш-меч во квалификациите за настап во африканската Лига на шампиони.
Суданците имаа сè во свои раце до десеттина минути пред крај на реваншот, водеа со 3:0 по негативата од 0:1 на гости, но само за 300 секунди Алжирците дадоа два гола и тие беа на прагот на финалето. Тогаш почнаа драматичните сцени, па мечот беше прекинат повеќе од пет минути, а по завршувањето почнаа немили сцени.
Гостите и судијата мораа да бидат спасувани од вистински линч, а некако се извлекоа со помош на војската и полицијата во Судан.
https://twitter.com/DZfoot_EN/status/1166075410007961600?s=20
Вкупниот резултат од 3:3 му одговара на Кабили и Алжирците ќе играат во следната фаза поради повеќе постигнати голови, при израмнет вкупен резултат 3:3.
https://twitter.com/DZfoot_EN/status/1166063112337940485?s=20
Спасувај се