Избегната е трагедија на релито Дакар, мотоциклист немал пулс кога пристигнале лекарски екипи

Шпанскиот мотоциклист Карлес Фалкон е префрлен во болница во тешка здравствена состојба откако при пад ја повредил главата на 15 километри пред крајот на неделната етапа на релито Дакар кое се вози во Саудиска Арабија.

Според шпанска „Марка“, лекарските екипи кога пристигнале на местото на несреќата морале да го реанимираат Фалкон бидејќи мотоциклистот немал пулс. Откако успеале да го реанимираат, со хеликоптер го префрлиле Фалкон во болница во Ријад и го ставиле во индицурана кома.

 

„На само 15 километри пред целта, Фалкон паднал и удрил со главата на патот. Кога пристигнале лекарските екипи, тој немал пулс. Се уште не знаеме дали има повреди на главата од падот или имал мозочен удар“, изјави директорот на релито Дакар, Дејвид Кастер.

 

- Оглас -

Најнови вести