Вардар и со пораз од 25-26 од Нексе во реваншот кој се одигра во празната сала од СЦ „Јане Сандански, но сепак успеа да обезбеди пласман на завршниот турнир од СЕХА лигата. За актуелниот бранител на трофејот ова е рекорден деветти пласман на Ф4-завршницата во исто толку сезони.
Избраниците на Алушовски со големи маки го одбранија резултатот од 31-30 од првата средба, а беа на прагот од елиминација во последните пет минути од средбата кога паднаа во негатива од четири гола. Силите беа израмнети на полувреме со 13-13, а во финишот Вардарци ја стигнаа негативата од -4.
Дисингер и Чупиќ со по пет погодоци беа најефикасни кај Вардар, Јагањац со осум гола се истакна на другата страна.
Вардар во полуфиналето ќе се сретне со ППД Загреб, на турнирот кој оваа година ќе се одржи во Задар.