20.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Избегната трагедија на шампионатот за велосипедизам во Италија (видео)

Питер Сери избегна трагедија за време на Џиро Д’Италија шампионатот за велосипедизам кој се вози низ патеките на Чизмата. Белгискиот велосипедист заостана зад групата и за малку ќе беше прегазен од еден од автомобилите кои пренесуваат резервни делови за учесниците.

Возачот на автомобилот очигледно не го забележа Сери дека е пред него, го удри одзади и, за среќа, брзо реагираше и закочи пред да се случи поголема несреќа.

Сери веднаш стана и продолжи да вози, додека коментаторот беше во неверување: „Мајко мила, вакво нешто никогаш не се случило!“

https://twitter.com/cyclingtips/status/1392855735256580096

- Оглас -

Најнови вести