Избегната трагедија: Пред полетување се запали авион во којшто биле фудбалерки на Арсенал

Авионот со којшто летале и фудбалерките на Арсенал, вчеравечер се запалил на писта, но, за среќа, избегната е трагедија.

Инцидентот се случил на аеродромот „Брауншвајг“ во Волфсбург, Германија, каде што фудбалерите на Арсенал играле против колешките од Волфсбург.

Причината за пожарот во еден од моторите на авионот „Боинг 737“ била птица која влетала во моторот, и тоа непосредно пред полетувањето.

„Нашиот авион имаше технички проблеми пред полетувањето од Германија“, соопшти Арсенал преку социјалните мрежи.

 

- Оглас -

Најнови вести