38.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Изборното собрание на КФМ ќе се одржи на 30 април

Откако актуелното раководство на Кошаркарската федерација на Македонија не се огласи по барањето за свикување Вонредно изборно собрание, Младен Ѓуровски поднесе официјална кандидатура за претседател поткрепена од 36 членки на Собранието со право на глас, што е големо мнозинство.

Собранието ќе се одржи на 30 април во Скопје.

Веќе станува јасно дека Перо Антиќ само уште две недели ќе биде на чело на Федерацијата, а потоа доаѓа Ѓуровски, кој во апликацијата најавил дека во неговиот тим на соработници, меѓу другите, ќе бидат и Петар Наумоски, Врбица Стефанов и Владо Илиевски.

- Оглас -

Најнови вести