Игор Бишќан од вчера е нов тренер на Динамо Загреб, клубот чиј дрес го носи капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски, а според некои медиуми во Хрватска, Бишќан не бил фаворит на некои од најискусните играчи во тимот.
Се шпекулира дека Ливаковиќ, Ристовски, Периќ и Петковиќ, кои се столбовите на Динамо и најгласни во соблекувалната, го преферирале Ненад Бјелица за тренер, а не Бишќан.