Фудбалери од Реал Мадрид и од англиски клубови го сочинуваат идеалниот тим за 2024 година, во изборот на ФИФПро. Во гласањето учествуваа 21.266 професионални фудбалери од целиот свет.
Тимот на годината е во формација 3-4-3.
Голман: Едерсон (Манчестер сити).
Одбрана: Даниел Карвахал (Реал Мадрид), Антонио Рудигер (Реал Мадрид), Вирџил ван Дајк (Ливерпул).
Среден ред: Кевин Де Бројне (Манчестер сити), Родри (Манчестер сити), Тони Крос (Реал Мадрид), Џуд Белингам (Реал Мадрид).
Напад: Килијан Мбапе (ПСЖ/Реал Мадрид), Ерлинг Халанд (Манчестер сити), Винисиус (Реал Мадрид).