Избраниците на Милевски ќе ѝ набијат комплекс на Грузија

6162 Македонија – Грузија (20:45 часот)

Избраниците на Боби Милевски би требало да ја одржат традицијата без разочарувачки резултат против Грузија. Во досега три меѓусебни дуели, Рисовите еднаш славеа победа, и тоа беше најважната во нашата историја, за пласман на ЕП, додека во два наврати се делеле бодовите.

И четвртата пресметка против Грузијците ја играме во рамките од Лигата на нациите, а во зависност од исходот, ќе се добие појасна слика на табелата во групата 4. Грузија е максимална по две кола со 6 бода, Македонија има 4 бода.

Треба да се напомене дека Македонија бележи само еден пораз во последните 13 меча одиграни на домашен терен, што значи дека играњето пред наша публика е тежок предизвик за противниците.

Предлог тип: 1 Било кога (1.98)

 

6104 Португалија – Чешка (20:45 часот)

Чесите се покажаа како незгодни противници против Шпанија, но прашање е дали ќе може да го задржат нападот на Португалија, кој го предводи расположениот Кристијано Роналдо.

Во два наврати Португалците биле подобри од вкупно три меѓусебни дуели против Чешка, но последен пат се сретнаа пред 10 години, на ЕП 2012 во четвртфиналето, кога разликата ја направи токму Роналдо.

Во слична форма се двете селекции, сепак домаќинот ќе ја оправда фаворитската улога.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.12)

 

6103 Швајцарија – Шпанија (20:45 часот)

Фуријата ќе се обиде да фрли сол на раната на швајцарската селекција, која претрпи два порази во овој циклус и е на пат да испадне од Сегментот А доколку запише уште еден неповолен резултат.

Шпанците, пак, со две ремија остануваат во битка за првото место во групата 2, каде што се Португалија и Чешка, но составот на Луис Енрике ќе мора да одигра едно ниво подобро за да дојде до посакуваните бодови.

Во ниту еден од последните пет меѓусебни меча немало повеќе од два гола, можеби нештата ќе се сменат токму вечерва .

Предлог тип: 3+ (2.10)

 

6113 Норвешка – Словенија (20:45 часот)

Норвешка со серија од четири победи ја пречекува ранетата Словенија, која беше декласирана пред неколку дена во Белград со 4-1 од Србија. Ако се знае дека Халанд е во голгетерска форма, не се исклучува опцијата за Словенците и вечерва да бидат надиграни.

Норвежаните добија шест од вкупно девет меѓусебни средби наспроти еден триумф на Словенија, а двапати играле без победник. Тешко дека гостите токму во Осло ќе излезат од кризниот период во кој на четири натпревари ниту еднаш не се радувале на триумф.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.77)

 

6114 Шведска – Србија (20:45 часот)

Двете селекции беа жртви на Халанд и Норвешка во овој циклус, но освојуваа три бода против Словенија. Доколку вечерва има победник, многу е возможно една од селекциите да ги загуби шансите за првото место во групата 4 од Сегментот Б.

Шведска и Србија првпат ќе се сретнат во меч од натпреварувачки карактер, по една победа паметат во две контролки одиграни во 2009 и 2012 година.

Србите за нијанса се поквалитетни ако се гледа индивидуалниот потенцијал, но ретка прилика е Шведска двапати по ред да загуби на домашен терен. Такво нешто се случи во септември 2020 година, Португалија и Франција си заминуваа со бодови од Скандинавија.

Предлог тип: 0-1I & 0-2II (1.54)

 

- Оглас -

Најнови вести