Избриши ги чевлите со дресот на Нејмар, па влези во фан-шопот на Марсеј (Видео)

Нејмар од ПСЖ е, најблаго кажано, омразен кај фановите на Марсеј, а доказ за тоа е снимката од фан-шопот на клубот од јужното француско пристаниште на која се гледа како дрес на Нејмар се користи како чергиче со кое се бришат обувките пред да се влезе во објектот.

Марсеј го победи ПСЖ во меч кој ќе се памети по инцидентот во финишот, поради што беа покажани пет црвени картони. Една од главните улоги ја имаше Нејмар, кој доби суспензија од само два меча забрана за настап во француската лига.

Погледнете како фановите на Марсеј ја изразуваат омразата кон Бразилецот од ПСЖ:

https://twitter.com/i/status/1306302192752693261

- Оглас -

Најнови вести