Изедначи рекорд, го престигна во победи Новак Ѓоковиќ и ја освои титулата во Индијан Велс

Британскиот тенисер Камерон Нори е победник на овогодишното издание на АТП-турнирот, Индијан Велс.

Тој во големото финале го совлада Грузиецот Николоз Басилашвили, и тоа со пресврт од 3:6, 6:4, 6:1 и со тоа на одличен начин ја заокружи сезоната во која на крајот успеа да израмни рекорд на Новак Ѓоковиќ.

Ова за Нори е шесто финале сезонава, исто колку што има и најдобриот рекет во светот. Американецот покрај овој, беше и во борбата за трофеј во: Мексико, Сан Диего, Квинс, Есторил и Лион.

Интересно е и што Нори урна уште еден рекорд на Ноле, а тоа е бројот на победи во оваа сезона и тој сега изнесува 47.

„Ова е најзначајната титула во мојата кариера и толку многу ми значи, што не можам да ви опишам со зборови. Да ми кажеше некој пред почетокот на турнирот дека ќе бидам освојувач, немаше да му верувам“, изјави Нори по триумфот.

Триумфот во Индијан Велс покрај одлична заработка, му донесе и скок од 26-тото на 15-тото место на АТП ранг-листата.

- Оглас -

Најнови вести