Јувентус ги прекина црните серии без победа и без постигнат гол, вечерва дома го победи Удинезе со 3-1 и тоа е прв триумф за Старата дама по пауза од еден и пол месец, од 13-ти септември наваму.
Јувентус немаше дадено гол на претходните четири меча, постот беше 400 минути пред конечно да погодат.
Влаховиќ од пенал, Гати, и Јилдиз од пенал, беа стрелци на головите кои му донесоа победа на Јуве на првиот меч по смета на тренерот Игор Тудор.
Инаку, на другите два меча од 18.30 часот, Рома со два гола на Довбик ја совлада Парма со 2-1, додека сезонава одличниот Комо беше подобар од Верона со 3-1.

