Изгор засилување – Колку го чини Реал Мадрид ангажманот на Азар? Ваква скапа минутажа е реткост

Еден Азар го чини многу скапо Реал Мадрид, а причината е честите повреди и отсуства на белгискиот репрезентативец. Педантните статистичари во Шпанија пресметаа колку чини една минута проведена на терен на Белгиецот во дресот на Кралскиот клуб и сумата е изгор.

Шпански „АС“ пресмета дека 60 секунди на терен на Азар изнесуваат точно 72 илјади евра. Азар повторно е повреден и податокот дека ова му е осма повреда во последните 18 месеци е фрапантен.

Белгиецот има само 28 настапи за Реал Мадрид откако во јуни 2019 година дојде како големо засилување од Челзи за сума од 100 милиони евра, која со бонуси може да стигне и до 146 милиони евра.

Азар има договор со Кралевите до 30 јуни 2024 година, но засега е само ултраскап играч што воопшто не му се исплати на најтрофејниот европски клуб.

Ефектот му е слаб и постигна само два гола за Реал во последните две сезони во Ла Лига откако го облече кралскиот дрес.

 

- Оглас -

Најнови вести